Од ковид-19 во Франција починаа над 1.400 луѓе за еден ден

Во Франција е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден.

Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во болници и 820 во домови за нега на стари лица.

Во Франција, значително е зголемен бројот на заразени, или повеќе од 11.000 за еден ден. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата надмина 100.000.

Досега се излекуваа 19.337 пациенти.

Бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во Германија се зголеми за 4.003 во изминатиот ден и достигна 103.228. Тоа е зголемување за втор последователен ден по пад од четири дена, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“.

Бројот на смртни случаи се зхолеми за 254, на 1.861 човек.