Од Кривичниот суд бараат да се открие кој има корист од објавување на записникот

Од Кривичниот суд не сакаат да ги коментираат наводите од Обвинителството за гонење организиран криминал и корпуција дека копија од записникот од распитот на Камчев, а кој беше објавен во јавноста бил доставен до Судот.

Од таму велат дека очекуваат истрагата да покаже како документот протекол во медиумите.

Истрагата треба да покаже дали записникот протекол од некоја институција која го имала документот по службена должност, како што се Обвинителството и судовите, или од некои од лицата инволвирани во случајот“, велат од Судот. Оттаму додаваат дека без оглед од каде протекле документите, ако биде откриен, сторителот ќе одговора за оддавање службена тајна по член 360 од Кривичниот Законик.

„Добро е да се открие кои се мотивите за ваквите објави и кој има корист. Истрагата нема сигурно“ коментираат од Кривичен за НоваТВ .

Обвинителството за организирн криминал соопштија дека „оригиналните списи од предметот ги поседува Обвинителството за гонење на организиран криминал, а копија од нив беше доставена само во Судот“.