Од Левица не само што не отворале за попис, они да ти се молеле да им отворат!

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, Игор Здравковски, на својот фејсбук профил објави документи од кои може да се забележи дека членови на партијата Левица која води кампања за бојкот на пописот, од друга страна учествуваат во процесот како попишувачи.

„Лажнава опозиција од Левица промовира бојкот со паролата #НеОтварамВрата, арно ама не само шо не отварале, они да ти се молеле да им отворат…
Сопругата на кандидатот за градоначалник под реден број 32, братот на кандидат за советник во горните места на листата за Велес под реден број 52, а претпоставувам и други членови се пишале за реонски попишувачи на #ПОПИС2021…
Џабе глумите мачиња, сработете си го договореното и ќутете си…“, стои во објавата.