12.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Од магацините во Министерството за одбрана украдени се над 35 комплети униформи

Универзитетскиот професор по одбрана и безбедност, Александар Нацев објави дека изминатата ноќ од магацините кои се наоѓаат во кругот на Министерството за одбрана и Генералштабот се украдени повеќе од 35 комплети униформа и други делови од униформа

-Измината ноќ од магацините кои се наоѓаат во кругот на Министерството за одбрана и Генералштабот се украдени повеќе од 35 комплети униформа и други делови од униформа. Додека министерката за одбрана си тера кампања со службени возила и користи униформирани лица за снимање партиски спотови, некој се дрзнал да ја ограбува Армијата. Министерството за одбрана засега молчи и случајот се држи во тајност, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Нацев.