Од недела две кинески мобилни апликации забранети во САД

Американското министерство за трговија во петокот соопшти дека во недела во САД стапува на сила забраната за преземање на кинеските апликации за допишување и трансфер на пари и за видео материјали WeChat и TikTok, наведувајќи ја како причина за тоа националната безбедност.

„Комунистичката партија на Кина покажа дека има средства и намера да ги користи овие апликации како закана за американската национална безбедност, надворешната политика и економијата на САД“, се објаснува во образложението.

Компанијата „ByteDance“, којашто е сопственик на апликацијата TikTok која води грижа за апликацијата и корисниците на територијата на САД, се обидува да стори сѐ за да постигне договор за судбината на своето работење во Америка, а од министерството за трговија наведуваат дека претедателот Доналд Трамп до недела сѐ уште има време да ја поништи оваа забрана.

Министерството појаснува дека на TikTok нема да му ги забрани дополнителни технички трансакции сѐ до 12-ти ноември, што за компанијата остава доволно време да види дели „ByteDance“ ќе постигне никаков договор за своите американски операции.

„Безжичниот TikTok ќе остане негибнат до 12-ти ноември“, изјави американскиот министер за трговија Вилбур Рос.

Рос во писмена изјава наведува дека САД мора да пружат отпора на „малициозната практика на собирање лични податоци на американските граѓани и истоверемно да ги промовираат своите национаолни вредности, демократските норми втемелени во правилата и агресивно да ги прмени американските закони и одбредби“.

Министерството за трговија сега ќе го забрани преземањето на споменатите апликации, а на Apple, Google Play и на другите мрежни продавници ќе им забрани да ги нудат овие апликации на која и да е платформа достапна во САД.

Меѓутоа, забраната не се однесува на американските компании кои работата преку апликацијата WeChat надвор од САД, што е добра вест за американските компании како „Walmart“ и „Starbucks“.

Претходно американскиот технолошки гигант „Microsoft“ претходно се откаже од купувањето на TikTok, односно на компанијата „ByteDance“, а во игра за ваква зделка останува компанијата „Oracle“, но малку е веројатно дека двете компании до неделата ќе постигне договор за преземањето на деловниот удел. Веднаш по соопштението од министерството за трговија акциите на „Oracle“ паднаа за 1,6 отсто.