Oд Охридско Езеро исчезнаа 208 милијарди литри бистра вода – ХЕ „Глобочица“ и „Шпилје“ целосно го запреа производството на струја

Секој ден забрзано го губиме највредното богатство – водата. Вештачките езера пресушуваат, а природните се на истиот пат. Причина за тоа е сушниот период без врнежи од дожд и од снег, но и работењето на хидроцентралите за производство на електрична енергија.

Откако се покажа сувото дно на Мавровско езеро и на акумулацијата „Козјак“, Владата на 5 овој месец донесе одлука сите државни хидроелектрани да го запрат производството, без оглед дали зафаќаат вода од природни езера, или од вештачки акумулации, пренесува Вечер.пресс

Од Државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ – ЕСМ за весникот ВЕЧЕР потврдуваат дека состојбата со езерата и акумулациите е на незавидно ниво, а причината е лошата хидролошка година која експертите ја оценуваат како исклучително сушна и во однос на водите е под просекот од последните 15 години.

– Владата, ЕСМ и сите други надлежни институции прават се’ што е во нивна моќ во однос на ова прашање. Запрено е испуштањето вода за производство на електрична енергија, (освен минимални количини за потреби на моментални балансирања на системот за одржување на напонот). Од друга страна, пак, нема истек за наводнување со оглед на тоа што заврши вегетацискиот период – велат од ЕСМ.

Оттаму нагласија дека од 25.11.2020 година електраните „Глобочица“ и „Шпилје“ нема да работат ниту за системски потреби, односно целосно се запрени, а времето ќе се искористи за реализација на поголеми инвестициски активности (замена на преттурбински затворачи во ХЕ „Глобочица“).

Повеќе може да прочитате на ВЕЧЕР.ПРЕСС