Од Партизан си оди и тренерот Тринкиери

26

Преселбата на Кори Волден од Партизан во Црвена Звезда беше само најава за хаосот во таборот на „црно-белите“, кој денеска кулминираше со барањето за раскин на договорот што го поднесе Андреа Тринкиери. Италијанскиот стручњак беше најзаслужен за одличните резултати на Партизан минатата сезона, која сепак не беше крунисана со влез во Евролигата по прекинот поради коронавирусот.

Белградскиот клуб е принуден да го скрати буџетот, па на Тринкиери му понуди 20% помала плата од оние 550.000 евра што Италијанецот требаше да ги добие според актуелниот договор. Воедно, тој ќе имаше на располагање и помал буџет за играчи, по што Тринкиери по долго размилување реши да си замине. Според бројни кошаркарски медиуми ширум Европа, тој има начелен договор со Баерн Минхен за веднаш да се пресели на клупата на баварскиот гигант.

Што се однесува до Партизан, главен фаворит за наследник на Тринкиери е неговиот досегашен помошник, Влада Шчепановиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.