Од Пипи Долгиот Чорап, до секретарско биро

Швеѓанката Ингер Нилсон беше прва која го отелотвори легендарниот лик на Пипи Долгиот Чорап во серијата и филмот од 1969 и 1970 година, снимени според истоимената книга на шведската писателка Астрид Линдгрен.

Нилсон денес има 56 години и живее во Стокхолм, каде работи како секретарка. Повремено се уште работи како актерка, одигрувјаќи улога во по некоја театарска претстава.

pipi1

Во 2000 година таа се појави и во филмот на швајцарскиот режисер Хавиер Колер, под наслов „Грипшолм“, според романот на Курт Тучолкај, а во 2007 година глумеше и во германската телевизиска серија „Der Kommissar ud das Meer“, каде ја играше улогата на патологот Ева.

За улогата на Пипи Долгиот Чорап, Нилсон во 1975 година ја освои награда „ТП Оро“ во категоријата „најпопуларен лик“.