14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Од полноќ поскапуваaт и бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика во вообичаениот термин во понеделникот напладне ги објави новите цени на горивата, и со нејзините пресметки оваа седмица цените на 98-октанскиот бензин и дизелот се зголемуваат за по половина денар.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, оваа седмица малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.66 отсто.

Цената на 95-октанскиот бензин останува непроменета, и еден литар „95“ и натаму ќе чини 67.00 денари. Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за по половина денар, па соодветно на тоа еден литар „98а“ ќе чини 69.50 денари, а еден литар дизел ќе чини 60.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат една седмица.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.