Едниот препарат содржи 300 милиграми ТХЦ+ 300 мг ЦБД во пакување од 120 милилитри, додека другиот има 600 мг ТХЦ+ 600 мг ЦБД во пакување од 240 милилитри.
Двата препарати се производство на фармацевтската куќа „Реплек фарм“, прва фирма која на македонскиот пазар го донесе ова лековито масло. Лековите ќе можат да се набават во аптека исклучиво на рецепт од лекар специјалист. Препаратите ќе се продаваат по цена од 5.544 денари за „каноил канцоил канц 300“ и 9.240 денари за „каноил канц 600“.