Од понеделник подгответе се за пеколни температури

Времето за време на викендов ќе биде сончево со умерен северен ветер, што ќе придонесе благ пад на температурите. Утре, недела, максималната температура ќе се искачи до 33 степени, но она што не очекува од понеделник е вистински пекол во Македонија.

Најтопло ќе биде во вторник и среда кога на повеќе места температурата ќе се искачи на 35 степени. Според УХМР особено треба да бидеме подготвени за среда кога температурата ќе достигне максимални 39 степени.

Од среда до петок, според синоптичарите, се очекува локален краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.

Од понеделник, под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време кога дневната температура насекаде низ земјава ќе биде над 30 степени.

Екстремно топлотниот бран кој неодамна зафати голем дел од Европскиот Континент и е со потекло од северните предели на Африка, веќе од вторник пристигнува и во Македонија и ќе услови значителен пораст на температурите на воздухот, како на утринските така и на максималните дневни. Времето ќе биде многу стабилно и без врнежи, односно сончево. Синоптичарите велат дека максималните дневни температури на воздухот пак највисоки ќе бидат на средината од следната недела и истите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени додека пак во централните  и во југоисточните предели од државава истите се очекува да достигнат и до 42 степени.

Поради јужното и југозападното воздушно струење во текот на следната недела од Сахара кон нашата територија ќе има транспорт на прашина и на песок, па така и атмосферата ќе биде загадена, а времето ќе биде спарно. Во ваква ситуација на граѓаните им се препорачуваме да пијат што повеќе течности и да јадат лесна храна, овошје и зеленчук.