Од последните 44 години, на Антарктикот сега има најмалку мраз

Обемот на морскиот мраз на Антарктикот достигна најниска вредност во месец јули оваа година, што е седум отсто под просекот за 44 години мониторинг, објави Европската служба за климатски промени Коперникус.

Според Коперникус, јули 2022 година е еден од трите најтоплите јули месеци досега, речиси 0,4 степени Целзиусови над просекот од 1991, до 2020 година. Во извештајот, пренесува Танјуг, се наведува дека овој месец бил шести најтопол забележан во Европа и дека топлотниот бран ги подига температурите на нови локални и национални рекорди.

Сепак, температурите во текот на јули беа под просекот долж западниот дел на Индискиот Океан. Како што е наведено, ова се случува кога глечерите и ледените плочи се топат, по што притисокот се отстранува од површината на Земјата и има промени во силите што делуваат на карпите во кората и горната обвивка.

Ова може да предизвика повеќе растопени карпи или производи на магма во обвивката, што може да поттикне повеќе ерупции.