Од протестот во Охрид: Народот е против националните предавства на Власта и за јасни црвени линии

Народот е против националните предавства на Власта и за јасни црвени линии, велат охриѓани кои денеска излегоа на протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Доста е, Излези за Македонија“.

-Никакво отстапување од македонскиот јазик, од македонскиот идентитет, од македонската историја, од заштита на македонските национални малцинства.