Од РЕК Битола се огласија за пожарот

Во петокот утрото во Рудникот Суводол во РЕК Битола изби пожар на трака за пренос на јаловина (земја). Причина за пожарот е пролизгување на погонски барабан на јаловинската станица ЕТО 3 преку која се врши пренос на ископаната земја. Во пожарот изгореа неколку десетици метри трака. Благодарение на брзата реакција на вработените, системот истиот ден беше пуштен во работа, информираат од РЕК Битола.

„Во сложениот систем на производство во РЕК Битола, вклучени се работници со подолг работен стаж и во многу мал дел новопримени лица. Во тек е постапка за утврдување на евентуален пропуст во работењето, по што ќе бидат преземени сите законски мерки доколку одговорност биде утврдена. Инаку, материјална штета по АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола во никој случај нема да биде предизвикана бидејќи траката е предмет на осигурување. Во моментов не би сакале да прејудицираме, меѓутоа долгогодишниот застој во набавка на нова опрема и ревитализирање на системите, на крајот го зема својот данок. Комбинатот ги вложува сите свои сили целосно да ги санира последиците од јавашлукот во минатото, за што потврда се производствените резултатите во првите пет месеци од годинава“, се наведува во нивното соопштение.