Од селекторите на СП во Русија, најмногу заработува германскиот а најмалку сенегалскиот

Селекторот на германската фудбалска репрезентација заработува 3,8 милиони евра годишно и ја води листата на најмногу платените стратези кои ќе ги водат националните екипи на претстојното Светско првенство во Русија, а со платата од 200.000 евра на последното место на листата е сенегалскиот тренер.

Јоаким Лев ја води германската селекција веќе 12 години, а својата работа ја крунисаше со светската титула на претходниот шампионат во Бразил во 2014 година. Германија предводена од Лев го осови и третото место на мундијалот во 2010-та во Јужна Африка, второто место на европското првенство во Австрија и Швајцарија, а избори и две европски полуфинални дуели, во 2012 и во 2016 година.

Второт место на листата на селектори со највисоки годиши плати го заземаат францусиот Дидие Дешам и бразилскиот Тите со по 3,6 милиони евра. Меѓу првите пет се и шпанскиот стратег Хулен Лопетеги со 2,9 и рускиот Станислав Черчесов со 2,5 милиони евра.

Најмали години плати имаат полскиот селектор Адам Навалка со 270.000 и сенегалскиот Алиу Сисе со рамно 200.000 евра

Плати на селекторите на СП 2018

 

1. Јоаким Нил (Германија) – 3,8 милиони евра
2. Дидие Дешам (Франција), Тите (Бразил) – 3.6
4. Хулиен Лопетеги (Шпанија) – 2.9
5. Станислав Черчесов (Русија) – 2.5
6. Ферндо Сантоп (Португалија) – 2.2
7. Герет Саутгејт (Англија) – 1.9
7. Карос Квирос (Иран) – 1.9
9. Хорхе Сампаоли (Аргентина) – 1.8
10. Оскар Табарез (Уругвај) -1.7
11. Хозе Пекерман (Колумбија) – 1.5
11. Хектор Купер (Египет) – 1.5
13. Хуан Пици (Саудиска Арабија) – 1.4
14. Берт ван Марвијк (Австралија) – 1.2
15. Рикардо Гарека (Перу) – 1.1
16. Хуан Осорио (Мексико) – 1.0
17. Роберто Мартинез (Белгија), Акира Нишино (Јапонија), Аде Хареид (Данска) – 925.000
20. Владимир Петковиќ (Швајцарија) – 850.000
21. Ерве Ренард (Мароко) – 780.000
22. Хејмир Халгримсон (Исланд) – 690.000
23. Злато Далиќ (Хрватска) – 550.000
24. Гернот Рохр (Нигерија) – 500.000
25. Јане Андерсон (Шведска) – 450.000
25. Шин Тае-јонг (Јужна Кореја) – 450.000
27. Херман Гомез (Панама) – 400.000
28. Оскар Рамирез (Костарика) – 350.000
28. Набил Малул (Тунис) – 350.000
30. Младен Крстајиќ (Србија) – 300.000
31. Адам Навалка (Полска) – 270.000
32. Алиу Сисе (Сенегал) – 200.000.