Според неделната анализа на Институтот за јавно здравје до четврти декември се регистрирани 58 случаи на грип и 195 на ковид-19. Во болница лежат 17 ковид – пациенти, од кои 10 се на кислородна поддршка, а еден е на респиратор. Најголемиот дел од инфицираните лица со ковид се од повозрасната популација, над 60 години.
Лабораториските анализи покажуваат дека кај дел од пациентите регистрирани се аденовируси, а кај останатите има и респираторен синцицијален вирус РСВ. Од почетокот на имунизацијата до сега вакцинирани се вкупно 54.109 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини,а со комерцијалните вакцини вакцинирани се уште 2.510 лица.
Стартот на месец декември ги испразни градинките, училиштата и работните канцеларии,а ги наполни амбулантите на матичните лекари. Пациентите се жалат на високи температури, малаксаност, вртење на зглобовите на коските и кашлање.За разлика од состојбата на теренот, официјалните бројки на Иститутот за јавно здравје се поинакви. Неделината статистика не регистрира високи бројки на заразени со коронавирусот и сезонскиот грип. Така до четврти декември за една недела се регистрирани 58 случаи на грип и 195 на ковид-19.
Во болница лежат 17 ковид–пациенти, од кои 10 се на кислородна поддршка, а еден е на респиратор. Најголемиот дел од инфицираните лица со ковид се од повозрасната популација над 60 години, информираат од Институтот и посочуваат дека за една недела регистрирани се и 66 реинфекции.
Според епидемиолозите годинава се очекува да има поголем број на заразени со сезоннски грип, кој што изминативе две години беше потиснат од короната. Лабораториските анализи покажуваат дека кај дел од пациентите регистрирани се аденовируси, а кај останатите има и респираторен синцицијален вирус РСВ.
Препорачуваат за сите типови на респираторни заболувања употреба на витамини, минерали,чаеви, овошје, правилна исхарана.Лекарите препорачуваат оние што имаат температура веднаш да не користат антибиотиците, само во случај ако имаат бактериска инфекција.
Последната седмица анализа на Институтот за јавно здравје покажува дека имало 58 случаи на пријави на грип. Заболените лица се регистрирани во Тетово – 28, Гостивар – 13, Кавадарци, Прилеп, Македонски Брод и Струмица – по 4 и Куманово – 1.
Во однос на возраста, Според институтот забележани се заболени во сите возрасни групи.
„Возрасната група 15-64 години бележи најголем број на заболени лица – 35, а највисока инциденца е регистрирана кај помладата популација од 5-14 години. Од издвоен материјал земен од болни лица, од кои еден број е тестиран и за ковид, во последната недела лабораториски е потврден грипот во два случаи и тоа се работи за грип – инфлуенца А(Х3Н2) односно A(H3N2).Од 11 примероци кои биле тестирани за респираторен синцицијален вирус, 6 биле позитивни. Кај два примероци е откриен аденовирус“, информираат од ИЈЗ.
За заштита од вируисните инфекции превентивата е речиси иста како и за ковид -19, а тоа е да се одржува растојание меѓу луѓето, како и недопирање на предмети кои можеби биле во допир со болно лице. Да се користат и маски за заштита и употреба на дезинфекциски средства.
За оваа сезона Министерството за здравство обезбеди 40.000 дози бесплатна четиривалентна вакцина и дополнителни 20.000 дози на вакцина кои се обезбедени преку донација.Обезбедени се и 6.000 комерцијални вакцини. Годинава имунизацијата стартуваше 19. Октомври и досега според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата до сега вакцинирани се вкупно 54.109 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини. Со комерцијалните вакцини вакцинирани се уште 2.510 лица.