Од што е зависна Северина?

Северина откри против што долго се борела, но на крајот не успеала и сега е зависна од тоа.

-Долго се борев против Инстаграм, мислев дека е нешто апсолутно бескорисно, но сега сфатив дека тоа е една убава сликовница. Всушност тоа е дрогата на новото време, изјави хрватската пејачка која редовно прикачува фотографии на оваа социјална мрежа.

После многубројните настапи пејачката ќе оди на заслужен одмор.

-Ние во Сплит не сме навикнати на скијање, тоа го прават тие што живеат во Загреб. Но кога се преселив во Загреб видов дека тоа е модерно, па научив и јас. Сепак повеќе сакам море, изјави Севе.