Од скриената страна на Месечината, Кина објави фотографија во 360 степени

Кинеската месечева сонда испратила на Земјата од сокриената страна на Месечината импресивна панорамска фотографија со приказ на сив пејзаж испресечен со кратери.

Истражувачкиот лунарен модул Chang’e-4, лансиран од Земјата на 8-ми декември на темната сокриената страна на Месечината, што претставува првото благо спуштање на оваа полутопка која е невидлива од Земјата.

Станува збор за клучната етапа од амбициозната кинеска вселенска програма. Малиот теледиригиран робот Yutu-2 (Зајак од жад 2) го напуштил модулот и се упатил во истражувањето на површината на Месечината за да ја анализира. Со фотографскиот апарат на сондата Chang’e-4 е снимена фотографија која во петокот ја објави Кинеската вселенска агенција CNSA (China National Space Administration). Панорамската снимка во 360 степени ја покажува сивата површина на Месечината, дел од сондата, малиот робот и траги од неговите тркала на површината.

„Научниците ја направија првата анализа на фотографијата на месечевата површина околу местотот на слетувањењето врз основа на фотоградијата“, објави CNSA. Сондата Chang’e-4, роботот Yutu-2 и сателитот и Queqiao преку кој се испраќаат фотографиите на Земјата „се во стабилна состојба и сите програми се одвиваат според планот“, се додава.

Теледиригираниот робот тежок 140 килограми во четвртокот повторни беше активен откако неколку дена беше ставен во состојба на мирување, за да се избегнат крајно високите температури на површината од Месечината.

За Кина ова е вторпат на Месечината да испраќа истражувачки робот, по Yutu лансиран во 2013 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.