Од следната недела ќе почне со работа турско-американскиот оперативен центар

Турско-американскиот оперативен центар, кој треба да управува со безбедносна зона во северо-источна Сирија, ќе започне со работа следната недела, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Анкар.

Турција и САД минатата недела постигнаа договор за формирање на центарот, но не соопштија колкава ќе биде таа територија, ниту каква ќе биде конечната структура.

– Заедничкиот оперативен центар ќе започне со работа со полн капацитет следната недела, рече Акар, пренесува Анадолија.

Акар, исто така, истакна договорот предвидува сириските курдски сили  да се повлечат од областа и да го предадат тешкото оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.