Од следниот четврток бесплатен превоз за студентите

Студентите од следниот четврток  ќе се возат бесплатно во автобусите на јавното сообраќајно претпријатие.  Според директорот на ЈСП, Мишо Николов, не се затвора можноста студентите да го користат бесплатниот превоз и други денови, доколку се создадат финансиски услови за тоа.

Опозицијата ја поддржа иницијативата за бесплатен превоз на студентите, но побараа намсто еден ден во неделата студентите да ја уживаат оваа услуга секој ден.

Николов образложи дека засега финансиски услови за такво нешто нема.

„ Сите сакаме да им се помогне на студентите, но сепак постојат фиансиски импликации. ЈСП од издадени студентски билети наплатува 110 милиони денари. Средствата се преголеми за да се обезбеди бесплатен превоз секој ден. Годишните субвенции за бесплатниот превоз одат преку блок дотации од Владата и чинат околу 10 милиони денари“, вели Николов.

Освен бесплатен градски превоз, студентите секој четврток ќе имат право бесплатно да се возат на Жичницата.
Веќе извесно време, студентите секој четврток имаат можност бесплатно да посетуваат театарски претстави и кино проекции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.