Од среда дожд и температура до 20 степени

Врнежи од дожд и намалување на температурата не очекува во среда и четврток. Метеоролозите највуваат пад на температурата на 20 степени задутре и пообилни врнежи во западна и југозападна Македонија.

Под влијание на влажен бран од Медитеранот од среда попладне и четврток наместа се очекува дожд над 30 литри на метар квадратен.

Темпerатурата во среда ќе се движи од 7 до 14 во утринските часови и максималната од 12 до 20 степени Целзиусови. Во четврток до 26 степени. Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето кое за викендот ќе биде до 30 степени.

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален и кракотраен дожд, особено повеќе услови има во јужните и југоисточните делови на земјава. Наместа сеочекува да наврнат над 10 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилуа. Максималната  температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен.

Во Скопје максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.