Од среда ќе почне предвремената исплата на августовската пензија

38

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките и овој месец предвремено ќе ја извршат исплатата на августовските пензии.

Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 26 август 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија.

Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:

– во среда, 26 август – пензии во висина до 11.000 денари;

– во четврток, 27 август – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– во понеделник, 31 август – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– во вторник, 1 септември – пензии во висина над 18.000 денари.

Овој распоред важи и за корисниците на пензии од „Еуростандард банка“ АД Скопје кои до 21.8.2020 година отвориле трансакциска сметка во банката преку која што би сакале во иднина да им се врши исплата на пензијата.

За корисниците на пензии кои од „Еуростандард Банка“ АД Скопје ќе се префрлат во друга банка по 21 август банките ќе обезбедат дополнителни исплати на 07.09.2020, 14.09.2020 и 25.09.2020 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.