Од среда пензиите достапни на банкомат

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за мај 2020 година, информира владата.

Владата го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.05.2020 година, при што се препорачува на деловните банки од среда 27.05.2020 година да обезбедат пензионерите со мајските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

–  Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

–  Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

–  Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

–  Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари