Од страст до рутина: Сексуалните фази низ кои поминуваат сите парови во долга врска

264

Сите врски доживуваат подеми или падови. Ако било кој ве уверува дека неговата врска е совршена и после неколку години поминати со ист партнер, веројатно ве лаже или и самиот живее во заблуда.

Подемите и падовите се сосема нешто нормално. Но, дали се менува сексуалниот живот во долгите врски? Ако прашате британски експерти за врски, одговорот е позитивен, а ова се фазите низ кои поминуваат.

  1. Страст

Првата фаза одбележува „опседнатост“ со новиот партнер. Мозокот тогаш произведува голема количина на серотонин и допамин, па не е чудно што страста го достигнува врвот, а партнерите често се незаситни.

  1. Долга предигра и мазење

Во оваа фаза луѓето ја смируваат страста и уживаат во нежните допири. Тогаш предигрите се подолги отколку во првата фаза. Многу е поважно чувството на сигурност од сексот. Во оваа фаза полека поминува слепата заљубеност и може претпоставувате каков ќе ви биде сексуалниот живот, пренесува Дејли Меил.

  1. Игра на моќ

Сега веќе е јасно кој го има главниот збор во врската, но и во креветот. Во оваа фаза партнерите често го користат сексот како алатка за да постигнат нешто или го намалуваат за да ги остварат своите цели.

  1. Кокетирање со други

Во оваа фаза двајцата партнери сфаќаат дека постојат и други луѓе околу нив, а ретко се случува партнерите истовремено да поминуваат низ оваа фаза, па не е ни чудно што во овој период завршуваат најголем процент од врските. Нормално, сето тоа влијае и на сексуалниот живот, па паровите сè повеќе воочуваат меѓусебни разлики.

  1. Родителство

До оваа фаза доаѓа ако партнерите одлучат да имаат деца. Некои ја нарекуваат фаза на родителство, а станува збор за период кога партнерите се навикнуваат на нови животни улоги – улога на родители. Ненаспаноста поради обврските околу децата се одразува и на квалитетот на сексот, па така во овој период има најмала сексуална возбуденост меѓу партнерите.

  1. Рутина

Независно од тоа дали имате деца или не, дали сте венчани или не, вашата љубовна врска во еден момент веројатно ќе премине од забавна и турбулентна во функционална. Со други зборови, освен љубовни партнери, вие сте станале тим кој одлично функционира, но партнерите во оваа фаза повеќе се поврзуваат со сигурност отколку со страст. Сексот е рутински, а страста и креативноста речиси исчезнале. Тешко е да се преброди оваа фаза, а таа обично почнува во 11-та година од врската или бракот. Интересно е тоа што во просек токму толку траат браковите во западниот свет.

  1. Стареење

Оваа фаза најчесто настапува кога децата го напуштаат родителското гнездо, а љубовните партнери добиваат прилика повторно да се посветат на себе. Сексот повеќе не е така честа појава како претходно, но затоа квалитетот е на високо ниво.

  1. Повторно заљубување

Интересно, но многумина тврдат дека сексуалниот живот им е бил најдобар во 60-те и 70-те години од животот. Некои велат дека ова е најслатката фаза од сексуалниот живот, бидејќи ја одбележуваат уживање, поврзување и нежност.

 

Skin Delight