Од стрништата може да се производуваат брикети и пелети

Стрништата наместо да се палат и да го загадуваат воздухот, можат да се рециклираат, односно сламата може да се преработрува во пелети или брикети и да носи и профит. Но на нашите земјоделци им треба квалитетна едукација за да го сфатат штетниот ефект од палењето, а бенефитот од нивното искористување, истакнуваат од Здружението на жени земјоделки „Агро Винка“ од Виница.

Ова здружение спроведува проект „Добра земјоделска пракса-богат биодиверзитет“ во рамки на кој се одржат 20 трибини со кои треба да бидат опфатени 400 земјоделци од Виница, Кочани,Чешиново Облешево и Зрновци.

Во рамките на проектот планирана е работа на четири фарми на кои ќе се спроведат различни експерименти во ефикасно искористување на жетвените остатоци. Земјоделците ќе имаат можност и лично да се уверат во благодетите од правилното користење на тие остатоци. Ќе биде посетена фарма во село Пуздерци за лично да се уверат дека може да се искористи сламата, истакнува Олга Стоименовска, раководител на проектот.

Проектот, што почна во ноември лани и ќе трае до март годинава, е подржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија на Швајцарската агенција за развој и соработка а координатор се Фармакем Македонија и Helvetaz Intercooperation.