Од тајфунот „Халонг“ почина едно лице, северот на Јапонија го погоди и земјотрес

Едно лице го загуби животот, а 33 се повредени во налетот на тајфунот „Халонг“ јавуваат денеска новниските агенции, со што вкупниот број на жртви во несреќите предизвикани од невремето достигна пет.

Агенциите известуваат дека во морето на длабочина од 50 км на северот на Јапонија се случил земјотрес  со јачина од шест степени според Рихтер.

Според вчерашниот извештај на јапонските агенции во Јапонија животот го изгубиле четири лица во несреќата предивикана од тајфунот.

Тајфунот „ Халонг“ кој донесе обилни врнежи и силни ветрови во голем дел од Јапонија ослабна по силата на тропската олуја, а се упатуvа кон Јапонското море.