Од такси фрлил бомба кон полицајци, тројца повредени

Тројца полицајци се повредени во акција за апсење на осомничени за криминал во местото Липово кај Крушевац, кога осомничениот врз нив фрлил бомба.

Според неофицијални информации, полицијата имала дојава дека кон Крушевац се движи такси возило во кое се наоѓа човек кој со закана од пиштол го натерал таксиситот да го вози.

Полицијата направила блокада и го сопрела возилото, но при апсењето Љ.А. (36) фрлил бомба од која биле повредени тројца полицајци.

Напаѓачот е од Прокупље и од порано бил познат на полицијата, а пред четири месеци излегол од затвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.