Од јуни Шпанија ќе прима туристи со ковид-сертификати

Шпанија планира да ги отвори границите за странски туристи во јуни според шемата за дигитални здравствени сертификати за ковид, изјави државниот секретар за туризам.

Фернандо Валдез на самитот на Светскиот совет за патувања и туризам во Мексико рече дека програмата – согласно која туристите ќе можат да покажат дека биле вакцинирани, дека имаат негативен тест или неодамна го прележале вирусот – ќе биде „основна за да се понуди безбедност на патниците“.

Валдез рече изјави дека Шпанија во мај ќе учествува во пилот-шема за дигитални сертификати и ќе биде „подготвена да ги прими посетителите во јуни“. Тој истакна дека сертификатите „не се волшебно стапче“.

Ова е одреден степен на безбедност, бидејќи тие ќе им овозможат на туристите да патуваат доколку биле вакцинирани,  ако имаат негативен тест, иако не биле вакцинирани, или ако го прележале коронавирусот, рече тој.

Шпанија, која зависи од туризмот за околу 12 отсто од својот БДП, е во четвртиот бран на пандемијата. Од почетокот на пандемијата до денеска со коронавирусот биле заразени 3.496.134 лица во земјата, а починале 77.855 луѓе.

Од 47 милиони жители, во Шпанија досега се администрирани 14.994.667 дози вакцини против Ковид-19,  4.020.945 лица веќе примиле две дози.

Шпанската коалициска Влада предводена од социјалистите соопшти дека има за цел до крајот на летото да вакцинира 70 отсто од населението.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.