Од утре Австрија во целосен карантин

Австрискиот парламент донесе одлука за втор „клуч“ на Австрија, со ограничување на движењето што ќе важи цел ден, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Новите мерки за целосен карантин, направени по пример на оние што беа во сила изминатата пролет, ќе почнат да се применуваат од утре и ќе важат до 6 декември, а целта им е драстично намалување на контактите.

Покрај угостителските и хотелските капацитети, затворени се и продавниците, освен за храна, аптеки, банки, пошти, бензински пумпи.

Ограничувањата во движењето се проширени на целиот ден, така што граѓаните ќе можат да излезат од дома само ако треба да ги купат најважните производи, да помогнат на некој друг, да одат на работа или да се прошетаат од ментални и физички причини или заради прошетка на својот домашен миленик.

Училиштата исто така се затвораат, односно учениците на возрасти се селат на учење од дома.

За разлика од „мекиот клуч“, кој беше усвоен на почетокот на месецот и предвидуваше полициски час од 20 до 6 часот наутро, со затворање на рестораните и хотелите, овој пат за новите мерки гласаа само владејачките партии – Народната партија (ОВП) и Зелените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.