Од утре цените „одмрзнуваат“, граѓаните ќе плаќаат поскапи прехранбени производи

-Додека Ковачевски и Груби трошат милијарди народни пари без тендери, народот веќе од четврток ќе треба да плаќа поскапи цени на прехранбените производи. Од четврток народот повторно ќе треба да мисли дали ќе плаќа поскапи намирници и во колку саат или кој ден ќе поскапи некој производ, изјави на прес-конференција на Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно е дека цените се замрзнуваа за да може Ковачевски да оди по продавници со камери, промовирајќи се пред народот бидејќи никој не го знае зошто не излегол на избори, а кога заврши потребата од сликање се одмрзнaa цените. Ковачевски не ги презеде суштинските мерки кога ги предлагавме, а сега ги укинува и оние половични мерки кои ги преземаа по силен притисок од ВМРО-ДПМНЕ и јавноста.

Ковачевски веќе од утре ги одмрзнува цените на голем број производи и со тоа удира по џебот на народот.

Народот е осиромашен, затоа што втора година го јаде најсилната инфлација со која се соочиле сегашните генерации на Македонци. Имено,стапката на инфлација во април оваа година во споредба со април минатата година е 13%, кај храната и пијалоците 16.5%, додека пак лани во текот на целата година имамвме инфлација од скоро 19%, и кога кумулативно ќе се соберат процентите, доаѓаме до бројка од 32%. Преведено во бројки, тоа значи дека 21.400 денари пред две години, вредат како 30.000 денари денес.

Реалната плата која ја примаат граѓаните е падната, а не покачена како што тврди Ковачевски. Власта си игра со бројки, додека народот има празни новчаници. Според Државниот завод за статистика реалните плати во Македонија во изминатата година се намалија за скоро 5 отсто.

На такви примања и на паднат животен стандард на народот, власта ги одмрзнува цените, за дупката во буџетот која тие ја прават со криминал да ја полни токму тој народ, кого истата таа власт го краде.

Апелираме власта да го продолжи рокот на важење на замрзнатите цени. Народот не е должен да ги плаќа криминалите на властарече Митева.