Од утре јавна расправа за уставните амандмани

Поладнево на седница – владата донесе одлука за организирање на јавна дебата за нацрт амандманите за уставните измени.

Првата јавна расправа ќе се одржи утре во поладневните часови во свечената сала на владата, а покрај премиерот Заев, говорници ќе бидат Владо Поповски и Љубомир Фрчковски. 

На седницата е утврдено дека, согласно постапката за уставни измени, забелешките и предлозите на граѓаните, политичките партии и организациите, владата треба во рок од два дена после јавната расправа, да ги сумира и на Собранието да му достави извештај за резултатите од јавната дискусија и текст на предлогот на амандманите, се наведува во соопштението од владата.