Од утре нема квоти за лекови во туристичките места

Укинувањето на квотите за лекови според министерот е решение кое ќе го реши недостатокот од лекови по 15-ти во месецот.

Во пет града и околните места од утре се укинуваат квотите за лекови на рецепт во аптеките. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се укинуваaт квотите во туристичките места, односно во Охрид, Ресен, Дојран, Струга и Гевгелија за да излезат во пресрет и на жителите, но и на туристите. Тој кажа дека се години наназад во летниот период поради наплив на туристи квотите на лекови во овие градови се трошат многу побрзо и жителите остануваат без потребната терапија.

Кој и како се правени злоупотреби со издавањето на лекови на рецепт, здравствените власти се уште немаат конкретни информации. Укинувањето на квотите за лекови според министерот е решение кое ќе го реши недостатокот од лекови по 15-ти во месецот.

Филипче вели дека во туристичките места со години наназад локалното население се соочувало со недостиг на лекови, бидејќи туристи од други градови си носеле рецепти со нив и во Охрид и Струга ги подигнувале лековите.

Една од мерките ќе биде пациентот лично, со лична карта да ја подига терапијата во аптека.