Од утре облачно време, од четврток интензивни врнежи

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време, утре попладне во југозападните делови со слаби локални врнежи од дожд.

Утринските температури ќе бидат од минус 1 до 5, а максималните дневни температури до 19 степени.

Во Скопје слично време, со температури до 19 степени.

Поинтензивни врнежи се очекуваат од четврток до сабота кога ќе дува и засилен до силен ветер од јужен правец.