Од утре студенстски апликации за субвенциониран оброк

Министерството за образование и наука информира дека од утре до 31 декември повторно може да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.

– Можат да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и/или да го остварат ова право во првиот и вториот рок. Оваа можност ќе биде достапна секој месец и тоа од 20ти до 30ти, односно 31-ви во месецот, стои во соопштението од МОН.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.