Од утре услови за краткотраен дожд и ретки грмежи

Продолжува периодот на претежно стабилно и многу топло време. Метеоролозите најавуваат дека од утре до сабота во западните делови од земјава ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Инаку денес времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 40 степени, УВ= 9.