Од утре задолжителен карантин во Германија за лица од странство

Од утре во Германија стапува на сила задолжителен карантин за лицата кои ќе дојдат од странство.

Како што најави Министерството за внатрешни работи, сите лица кои доаѓаат од странство мора да бидат во двонеделен карантин.

Во случај на непочитување на мерката следи казна од 150 до 25.000 евра.

Сојузната држава и покраините договорија регулатива со која се предвидени единствени мерки.

„Овие мерки се наменети со цел да го прекинат синџирот на инфекција во прекуграничниот сообраќај и со тоа да се спречи натамошно ширење на вирусот“, се наведува во соопштението на  Министерството.

Од задолжителниот карантин се изземени прекуграничните работници, лицата кои биле на службен пат, како и возачите на камиони. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.