Од утрово без вода граѓаните на потегот од Усје до Зелениково

зелениково

Од јавното претпријатие водовод известуваат дека  поради уличен дефект на водоводна цевка со профил од 600 милиметри на бул. Борис Трајковски, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите Усје, Пинтија, Пржино, Драчево, Охис, Студеничани, Моране, Зелениково, Долно Лисиче и тоа до санирање на дефектот.

Ќе бидат обезбедени цистерни со питка вода, а  за сите дополнителни информации граѓаните можат да се информираат на телефонскиот број 023073010.