Од вчера до денес во Тетово починале 7 лица, а бројката на хоспитализирани брзо расте

Изминатата ноќ 7 пациенти починале во тетовската болница како последица на ковид 19, потврди за Слободен печат раководителот на ковид центарот доктор Гзим Нуредини.

Хоспитализирани се 111 лица, од кои што 102 се на кислородна поддршка.

Од хоспитализираните само еден е вакциниран со две дози, а со една доза вакцинирани се шестмина.