Oд „Версаче“ купиле облека со крушевски вез

Рачно изработена облека со традиционален крушевски вез откупувала светски познатата модна креаторска куќа „Версаче“ од Италија, пишува Дневник. Вака тврдеше Спасика Тасеска, претседателка на организацијата на жени „Цвет“ додека н` шеташе низ собите со изложени ракотворби низ етнокуќата „Ѓорчевци“ во Kрушево, стара 200 години.

Во една од собите со староградски изглед беа изложени копии на облека што ја сплеле вредните крушевчанки, а оригиналните примероците ги откупил светски познатиот моден бренд „Версаче“. Тоа беа џемпери, пелерини, марами и други модни додатоци што пленат со својата оригиналност, македонска плетка и вез. Додека раскажуваше Тасеска носеше фустан изработен според модел стар 150 години.

– Нашите везови и плетки ги прифатија од „Версаче“. Италијанска фабрика што шие за нив слушнала за нашата рачна работа и н`побараа. Беа воодушевени од македонскиот традиционален вез. Се договоривме да ги работиме везовите за нив, џемпери, блузи, фустани, во разни модели од конец, од волна. Од фабриката сами ги дизајнираа, волната ја фарбаа и изгледаше многу убаво – вели Тасеска.

Целиот текст прочитајте го тука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.