Од вторник грмежи и поројни дождови

И во понеделник времето ќе биде стабилно и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и умерен северен ветер кој повремено ќе се засилува, особено долж Повардарието.

Според УХМР, во вторник ќе настапи зголемување на облачноста што ќе биде проследено со врнежи дожд кои локално ќе бидат поројни, со засилен ветер и појава на грмежи.

И во среда ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладне. Дневните температури на воздухот ќе бидат во опаѓање за околу седум степени, а на некои места и повеќе.

Од четврток повторно следува стабилно време со постепен пораст на дневните температури.