Од земја за пример во мај, сега имаат по 600 новозаразени дневно

60

Во Јапонија регистрирани се 664 нови случаи на зараза со корона вирус во последните 24 часа.

Според соопштението на Министерството за здравство, од вчера нема починати, пренесе Си-ен-ен.

Најмалку 25.300 луѓе се заразени во Јапонија, а починаа 998 од почетокот на епидемијата.

Во Токио вчера беа регистрирани 290 заразени и тоа е трет ден по ред да пријавуваат повеќе од 200 новозаболени.

Од почетокот на епидемијата во токио се заразија 9.223 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.