Одбележана 16-годишнината од загинувањето на бранителите Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Пред 16 години во селото Ваксинце во воениот конфликт во 2001 година загинаа македонските бранители Димитар Двојаковски и Влатко Петров од Штип.

Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов, информираше дека денеска делегација на Општина Штип положи цвеќе на нивните вечни почивалишта.

„Нивниот пат, односно губењето на нивните животи е опомена за сите нас никогаш да не се потвори тоа што се случи во таа 2001 година, дека треба да го цениме животот, пред сé, суверинитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и секогаш да ја паметиме нивната жртва дека своите животи ги дадоа за Република Македонија“, вели Ристов.

Делегација на Општина Штип цвеќе положи и на споменикот на бранителите, кој се наоѓа во паркот Суитлак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.