Одбележување на три години од основањето на ФИНКИ

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска во Драмскиот театар во Скопје, ќе се обрати на свеченоста по повод три години од основањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на којашто ќе бидат доделени и дипломите на дипломираните и магистрираните студенти, како и наградите за најдобрите студенти.