Одбиено барањето на СЈО за замрзнување имот во случајот „Триста“

Кривичниот суд не го прифати барањето на СЈО за забрана за замрзнување на имот во сопственост на помошник министер за јавни набавки во МВР, кој е осомничен во истрагата за случајот „Триста“. Од СЈО најавија жалба по одлуката на судот.

Помошник министерот е осомничен за злоупотреба на службената должност и со јавна набавка за купопродажба и сервисирање на 300 возила го оштетил државниот буџет за 453 илјади евра, бидејќи не ја одбрал економски најповолната понуда.