ОДБИВАМ – Не за здравствена поделба!

Во ова ново време на прогон заради општо добро, накалемена на некаква коректност, културна, сексуална, и секако онаа најпрогонувачката – политичка. Може ли пострашно и подоле? Може ли уште една поделба? Добро-зло, лево-десно, сдсм-вмро, геј-стрејтери, кучиња-мачки, пушачи-непушачи и дојдовме ли конечно до дното?

ДА! ЗДРАВСТВЕНА ПОДЕЛБА!

-имакорона-немакорона-имамртви-немамртви-вакцери-антивакцери

Немате претстава како може да ми се прешалта мозокот во МОНК-МОД или Реинмен, па ми прелетаа најмалку 3-40 поделби по кои секојдневно и ние самите и на нашите деца маматаимајаебаваме, физички и ментално! Можам заради кликбејти да ја направам локумнава прилично читана, но органски ми се активира гастритисот, со интензивна дисфагија.

Едноставно, ни помислите свои не можам да си испроцесирам затоа што гадењето од појавите, кои веќе станаа на дневна основа, предизвикуваат и уртикарија со тахикардија и зомбифицирана метадонска летаргија. Ова не може на арно да заврши… не!

ОДБИВАМ

Навистина не ме интересира кој како што и каков став веќе има, глумам дека сослушувам затоа што повеќе никој не сака да дебатира, кросфајр, тет-атет, да даде и слушне аргументи! Не, не, не, секој сака само да си го каже мислењето и ставот без притоа да потроши ниеден квант да сослуша било каков контра-аргумент. Секој сака само да е во право, никој не го интересира вистината оти вистината ви е базирана на его-не на опит и факт. Како се најдовте сите од Бога просветлени и од Оксфордски Универзитет веле-учени? Сите се знаат за се! Ај не е лошо да се интересираш, но после три текста и 5 видеа од јутјуб си стекнал став, базиран на страв, несигурност и стрес па полемизираш си пушташ од устата беснило со пена кон секој кој не е со тебе, а од другата страна имаш можеби навистина учен човек, лекар, медицинар, или навистина некој доживотно посветен борец за демократија, родител со лошо искутво од вакцина, некој кој не еучипен и кој искрено и со  срце смета дека треба да им се помогне на маргиналните групи или духовник кој има силен опит во верата. Секој е на листа зависно од тоа што штиклирал – вакциниран-невкациниран се друго се ништи!

Одбивам да се идентификувам било кому, дури и на пријател близок фамилија, за највулгарно сметам е било какво лично прашање, а особено – дали сум  вакциниран. Тоа еи интеимно и само ако јас сакам, ќе се исповедам. Прозивки бе! Мене!?! Дали имам аусвајз, дали немам!?! Дали сум прележал(остај друго а јавно ви се исповедам и пак), како сум поминал, дали ќе се вакцинирам, зошто да, зошто не, сатанисто, небањат дебил, ретардиран, анти-вакцер, демонолог кој сака да го уништи човештвото!

МА НОСЕТЕ СЕ СИТЕ ВО …

трилече, она слаткиот десерт. Удавте се во благосластвена страст на овредозираност со прекумерни калории на лесно конзумни гликози кои ќе расфрлаат пеперутки низ форнталниот кортекс ваш најмил, намацан и прелиен со правденост како кадаиф со шербет. Пливајте во вашата леплива протоплазма на самоспознанието базирно на ништо, без опит и знаење, втемелно од инат и паника.

Дали си во црква или на универзитет и на двете места се бара мачна и долготрајна репетитивност на делата-литургија и испити, постојано до исцрпување и изнемоштување за да се одстрани секој сомнеж на верата и спознанието, сеедно дали е духовно или научно. Репетито ест матер студиорум-никако поинаку … Ама кој може со вас, едниот видел-читнал, другиот добил партиска наредба, иди разбери се да те видам.

ОДБИВАМ

И сметам дека е време да се симнете од вратот на другите и шизофрено да им копате очи, без оглед  дали се ваксери или анти-ваксери. Јас знам што сум. Знам и сносам одговорност за своите постапки, но јас мојот став нема да го дадам или кажам било кому освен на мојот ближен, не вам за да си ја храните ситната суета која ви е на ниво на хитлерјугени кои одеа зад своите родители по цел ден да ги начекаат дали ќе кажат или направат нешто неподобно – па да отрчаат кон микрофонско-татстатурниот Гебелстроник со 12 гига рам, одма јавно да го руга, залопутребува, омаловажи оној кој не е на неговата (праведна) линија  и така се издигне над стоката.

Сеедно кој сте и што сте, одбивам да бидам дел од било која група.  Не ви се плашам, затоа што за разлика од вас, стиснав муда и 25 години јавно сум ви послан. За ова не, ова е отидено предалеку. Нема да се свртам против никого, секој од вас е мој брат, сеедно дали е во право или не. Терајте политичка борба – добро е тоа, подобро одошто да се молчи па да пукне од преголем притисок, но затнете си ги смрдливите муцки преполни со фонтови и статуси, со апокалиптични лајна, кои веќе црвјосале и корнат до небо во хистерија против другиот. Кажи став и не прогонувај оној кој не се согласува со тебе, колку и да не е во право!   Стварно, навистина, што скате да постигнете кога го навредуваш неистомисленикот? Што ти е целта? Само да исмеваш или да помогнеш? Дали со навреди и закани некому можеш да му смениш став, а?

Акцелерација

Како ни е оставено, се побрзо ќе оди на полошо … но не ми е страв, не сум загрижен, не се плашам, немојте ни вие. Не очекувам жаби да паѓаат на крајот како во Магнолии, ниту судир на два спротивставени света – планети, како во Меланхолија на Вон Трир, затоа што знам, со синап зрно вера, знам дека ОНОЈ ќе одлучи што и како ќе биде. А ако веќе он одлучува и го трасирал патот кој треба да го одам, каква причина имам за загриженост? Дури и ако застранам не се грижам, ќе ми довикне КВО ВАДИС! Тоа не значи пасивност, и тоа како сум зангажиран и ќќе се борам до крај, но никогаш против својот брат!

Јас сум прво христијанин, па човек, македонец, татко, пријател …и сето тоа е мој слободен избор за кој никому не сум му полагал ниту ќе му полагам сметка, така и вам драги мои, до солзи не можам да опишам дека навистина, патетично сите ве сакам, но органски одбивам да застанам во било кој тим, група, меѓа, страна…не! Тоа ШТО НЕ МИ ГО ЗНАЕТЕ СТАВОТ , НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ГО НЕМАМ, но што и да кажам, што и да направам, ќе го злопотребите и тоа против друг. Многу лесно можам да се качам и да извикам: “ТЕ ДЕУМ” но ако една буква моја може да биде злопотрербена против било кого, одбирам не-делување. Како Јода, бе!

Тенкју едн ф….

Автор: Јанко Илковски за НетПрес