
Македонската одбојкарска репрезентација попладнево заминува за Бари каде ја очекува натпреварот од осминафиналето на Европското одбојкарско првенство.
„Спартанците“ на Јошко Миленковски со ефект од две победи и три порази го освоија четвртото место во групата Ц и изборија историски пласман во осминафиналето.
Во сабота во Бари македонските одбојкари ќе играат против дмаќинот Италија како првопласирана во групата А.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.