Одбојкарите поразени од Украина во Златната лига

Македонската машка одбојкарска репрезентација загуби во Лоѓ (Полска) од Украина во три сета од Украина на стартот на златната лига во оваа сезона.

Украина триумфираше со 25-21, 25-22 и 25-11 во пресметката во која Македонија беше во егал во воведните два сета, па само нијанси решаваа, но во третиот едноставно Украинците нѐ збришаа за да тргнат со убедлива победа.

Никола Ѓорѓиев и Александар Љафтов со по 12 поени беша најдобри кај нашиот состав, додека Дмитро Теромјенко беше прв поентер со 13 поени кај Украина, а Олег Плотнитски имапе 12 поени.

Следен меч на Македонија е во среда дома против Белгија од 20.15 часот.