Oдбојкарската репрезентација освои сет против европскиот првак Србија

Македонската одбојкарска репрезентација вчеравечер загуби очекувано од европскиот првак Србија со 3:1 во првиот од двата гостински теста пред настапите во Европската сребрена лига.

Откако Србија доби три сета, со 25:19, 25:20 и 25:18, селекторите решија да одиграат уште еден, а во него македонскиот тим беше подобар со 25:21.

Вечер од 19 часот, избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ќе играат со Б-тимот на Србија, во Велико Градиште.

По овие две тест-средби, македонските одбојкари ќе се вратат во Струмица за да ги одработат завршните тренинзи пред шестиот настап во Европската сребрена лига.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.