Oдбор на бранители: Ниту една улица не смее да носи име на припадник на УЧК

Одборот на бранители по најавата на скопските локални власти за смена на имињата на некои од улиците во главниот град остро реагираa.

Скандалозните предлози на имињата на личности од Призренската лига, може скапо да чини-предупредуваат бранителите, пренесува Алфа телевизија.

– Ставање имиња кои со сигурност би ги подгреале меѓуетничките односи, ја сум сигурен дека тоа не е во ред, без разлика каков е нивниот договор коалициски.Знаеме дека они со оружје, насилно пробаа да го сменат поредокот во државата, за Алфа изјави Марин Најдов, одбор на бранители на Р. Македонија.

Целата вест може да ја погледнете ТУКА.