Одбрана и последните денови

Со години шокови и неверувања, каков торжествен тресок доживеа македонизмот. Како Цепелин кога падна и изгоре во пламен.

Уште поголемо е неверувањето со колку малку отпор сето тоа падна и се сруши. Фрчат обвинувања, Aмерики, Jуропи, партии, премиери бивши и сегашни, новинари, котирачи и бојкотирачи, пришипљенковци, секој ни е виновен. Секој најде раска во секого, никој гредата од своето да ја извади.

И пишуваат ли и пишуваат и се закануваат за космичка правда, меѓународно право, устав и закони оние кои се бунтуваа со децении против Букурешкиот Договор, а не успаеаја дури ни една запирка да сменат во него. И пак хистерија и прогон на вештици кој е виновен, зошто?

И повторно истиот рефрен – Политичарите не чинат, Русија не чини, Јуесеј… и кој остана? Пар твитер енд фејсбук профила кои пцујат по се’ живо и диво што требало да се направи, а не се направило? Добиле 900 лајка и небото на праведноста им се отворило?

До вчера НАТО не чинише, а сега зошто нема прием сеуште. До вчера Европа е ку*ва, а сега каде е датумот?  Добро бе, сакате коитус или не? Ќе пенетрираме или ќе тинкаме? Не е ни греда во окото наше, ние имаме арматура на која можеш Ајфеловата да ја насадиш.

Прелест! Ароганција!

Двата важни мига, кога ќе доживееш пад, секогаш е во она време кога се чувствуваш најсилен и толку многу препотентен да си спремен и со небото да војуваш оти си убеден дека си во право. Па, како дојде до таа наша ароганција? Прелеста се изгради најмалку врз научна и реални историски основи, туку на база на сновиденија, претпоставки, тумачења на гатанки со самонаметнат & самобендисан просветителски ореол, кој си го ставија оние кои се лажеа и себе и планетата дека ним насон им се јавил Аце, и Клеоптра и им кажал каде пченица за задушница да остават. Барем 7 локации дознав до ден денешен и ниеден точен, а и како би бил. Кога немаш научна методологија и малата вистина ја шлапаш со тешки измислени бетонски блокови на шпекулации и полувистини, тогаш ти се рушат на глава, како на којотот и птицата итрица.

Треба сериозно свртување на она што е наука, она што се верификувани факти, ако сакате да го зачувате и ова малку што ни остана. А, гледам некако нема ни воља за повеќе. На денот за годишнината од референдумот имало портести… биле на 100 метри од кај што живеам. Нит ги видов, нит ги слушнав. Не ни се виновни ни партии, ни странски сили, изгубивме сенс за реалност и наука станавме апатични и време треба за реално согледување, можеби дури и невозможно за оваа генерација која кариери градеше. Нема респект кон науката и сега никој никогаш ваквите импровизации нема да ги земе ни да ПЛУКНЕ НА НИВ.

Археолози и историчари со факултети со дипломи, со работа на терен со децении беа негирани наспорти, демек, од Бога просветлени. Не дечки, сори, ова што се случи е само доказ каде лежеше грешката, и во оние кои кажуваа се’ и сешто, до оние кои тоа го конзумираа без критика.

Јас сум Македонец од Македонија и никој не може да ми го одзеде тоа – толку! Но, патешествијаста до Орион и назад, се забавни, но само верификувани факти имаат трајна вредност. Не дека и во официјалната нема дупки, но споредено со басните кои ги продаваа … гоблени!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес